Достапни линкови

Вонредна седница на бугарската Влада поради зголемениот број заболени од Ковид-19


Поради зголемениот број на новозаразени лица со Ковид-19, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов одржа седница на Владата, на која беше разговарано за натамошните мерки.

„ Премиерот Борисов беше информиран дека исклучително внимателно се следи ситуацијата и оти почнува масовна контрола за почитување на мерките“, се наведува во соопштението на бугарската Влада.

Во меѓувреме и бугарското Министерството за здравство на вонредна прес-конференција соопшти дека од утре е задолжително носењето маски во затворен простор односно во продавници, во трговски центри, на спортски настани, како и во кина и театри.

XS
SM
MD
LG