Достапни линкови

Насилства низ улициите на Штудгарт, нападната полицијата


илустрација

Повеќе од десетина полицајци се повредени, а 24 лица притворени по уличните тепачки во германскиот град Штутгарт, кои избувнаа рано денеска, соопшти портпаролот на полицијата. Полицијата соопшти дека додека вршела претрес поради сомневање за дрога, напаѓачите се обединиле заедно против полицајците. Истовремено, мали групи на луѓе со маски, почнале да ги ограбуваат продавниците на централните плоштади.

Според полицијата групата која првично броела од 200 до 300 лица се зголемила на околу 400 до 500 луѓе. Напаѓачите фрлале камења кон излозите на продавниците, а на едно видео се гледа како еден човек од толпата напаѓа полицаец од грб. Полицијата побарала засилување и околу 200 полицајци за да ја стават ситуацијата под контрола.

Последните неколку викенди германската полиција се соочува со слични инциденти, но со помал интензитет. Политичарите ги осудија денешните настани. Премиерот Винфрид Кретсман изјави дека се работиза „избувнување на брутално насилство“, додавајќи дека „кривичните дела против луѓето и имотот треба да бидат гонети и осудени.“ Министерот за внатрешни работи на државата, Томас Стробл, ги повтори овие коментари, истакнувајќидека вакво насилство во државата нема видено. Тој информираше дека е формиран истражен тим кој ќе биде поддржан од државната криминална полиција.

XS
SM
MD
LG