Достапни линкови

Курц: Се надевам на напредок во разговорите Белград-Приштина


Австрискиот канцелар Себастијан Курц

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека ангажманот на Соединетите Држави во процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина е позитивен, како начин да се реши конфликтот што двате страни ги држи како заложници толку долго.

Сепак, тоа целосно зависи од двете страни во дијалогот. Се надевам дека ќе има напредок во наредните месеци, рече Курц во интервју за приштински „Телеграф“.

На прашањето за предлогот, кој вклучува промена на границите, австрискиот канцелар оцени дека она за што се согласуваат двете страни, не треба да се спречува.

„Нашиот пристап отсекогаш бил прагматичен. Ако двете страни се согласат, не можеме да бидеме ние тие кои ќе ги спречат да седнат на маса и да покренат какви било прашања што сметаат дека се важни. Мора да сториме сé што е можно за да олесниме сеопфатен договор меѓу Белград и Приштина, што би имало позитивно влијание врз регионот како целина“, изјави Курц.

XS
SM
MD
LG