Достапни линкови

Коронавирусот во Италија бил присутен уште во декември 2019


Италијански Карабинери со дрон проверуваат дали се почитуваат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот на брегот на реката По во Торино на 3 април 2020

Истражувањето на италијанскиот Национален институт за јавно здравје покажало дека новиот коронавирус бил присутен во отпадните води во Милано и во Торино уште во декември минатата година, најмалку два месеци пред да биде потврден првиот случај на зараза. Во рамките на истражувањето, чии резултати беа објавени вчера, биле анализирани 40 примероци на вода соберени во рамки на редовните прегледи за прочистување на отпадните води во северна Италија од октомври 2019 до февруари 2020 година.

Се покажало дека вирусот, кој ја предизвикува болеста ковид-19 бил присутен во примероците од Милано и Торино од 18 декември, додека претходните примероци биле негативни.

„Ова истражување може да допринесе до разбирањето на почетокот на циркулацијата на вирусот во Италија“, се наведува во соопштението на Институтот.

Истражувачите предложиле користење на системите за надгледување на присуството на новиот коронавирус во водните системи, во обид да помогнат во идентификувањето на можните нови епидемии.

Пилот проектот за следење ќе започне наредниот месец во туристичките места, во рамки на подготовките за пошироко следење во пресрет на можниот нов пораст на заразата наесен, соопшти Институтот.

Присуството на коронавирус во отпадните води во северна Италија уште во декември го открил италијанскиот Институт за отпадни води.

XS
SM
MD
LG