Достапни линкови

Дексаметазон се користи за лекување од Ковид-19 на Инфективната клиника


Клиника за инфективни болести во Скопје

Директорката на Инфективна клиника, Милена Стевановиќ денеска изјави дека лекот Дексаметазон се користи и на клиниката и се покажал како корисен. Научници од Оксфорд излегоа со истражување во кое се наведува дека лекот дека се покажал како делотворен кај најтешко болните пациенти од Ковид-19.

„На почетокот, нашите колеги од другите држави, кои пред нас се соочија со коронавирусот, тврдеа дека не само што дексаметазонот не е корисен, туку тој може и да им наштети на пациентите. Но, ние на Инфективна клиника, воведувајќи го интензивното лекување, неговата примена ја најдовме како многу корисна, се разбира, комбиниран со сите други терапии, пред сè антибиотски. Ние го користевме во овој период и заклучивме дека во вистинскиот момент, кога сметаме дека треба да се даде, и кога сме го давале, сме имаме бенефит од лекот“, изјави Стевановиќ на денешната прес-конференција со министерот за здравство Венко Филипче.

Според неа, на клиниката сериозно ги следат трендовите во лекување на Ковид-19 и препораките кои ги добиваат од целиот свет.

Филипче: Вториот бран дојде порано од очекуваното

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 193 нови случаи на Ковид-19. Додека пак 46 пациенти оздравеле, а починале 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациенти од Тетово и еден пациент од Охрид


XS
SM
MD
LG