Достапни линкови

Деjвид Гер номиниран за нов шеф на делегацијата на ЕУ на местото на Жбогар


Жена со заштитна маска поминува пред Делегацијата на Европската унија во Скопје

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жосеп Борел денеска го номинираше Дејвид Гер за нов шеф на делегацијата на Европската унија во Северна Македонија, кој треба да дојде на местото на досегашниот евроамбасадор Самуел Жбогар.

Гер во моментот е на чело на Секторот за политика за санкции во ЕЕАС.

Жбогар ја извршува функцијата евроамбасадор во земјава од 1 септември 2016 година, а дојде на местото на тогашниот шеф на делегацијата Аиво Орав.

Борел меѓу останатите назначувања за евроамбасадори во регионот ги номинираше и Томаш Сунјог за шеф на делегацијата на ЕУ во Косово, Оана Кристина Попа за евроамбасадор во Црна Гора, како и Николаус Мејер Ландрут за шеф на делегација на ЕУ во Турција.

XS
SM
MD
LG