Достапни линкови

Tри дена гласање, 15 јули-изборен ден


Избирачко место во вториот круг од претседателските избори 2019

Гласањето на парламентарните избори ќе се одвива три дена, а на изборниот ден 15 јули ќе биде продолжено за два часа и ќе трае до 21 часот. Според Уредбата со законска сила што ја донесе Владата, на 13 јули ќе гласаат лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат. Во општините во кои гласаат овие лица, во зависност од нивниот број, Државната изборна комисија формира еден или повеќе посебни избирачки одбори составени од тројца здравствени работници, при што политичките партии имаат право да именуваат член во посебниот избирачки одбор.

Падна договор - избори на 15 јули

На 14 јули 2020 година ќе гласаат немоќните и болните лица, како и хронично болните и останатите лица кои согласно Изборниот законик гласаат еден ден пред одржувањето на изборите. Дејствијата на изборните органи кои согласно Изборниот законик се преземаат еден ден пред одржувањето на изборите, ќе се спроведуваат во рокови утврдени со роковникот на Државната изборна комисија. На изборниот ден, на 15 јули, избирачките места ќе бидат отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 21 часот, два часа подолго од вообичаеното на претходните избори кога гласачките места се затвораа во 19 часот. Изборната кампања започнува на 24 јуни година и трае 20 дена. Според најавите од надлежните, денот на одржувањето на изборите, 15 јули, ќе биде неработен ден.

XS
SM
MD
LG