Достапни линкови

Амбасадорката на САД Брнс го поздрави договорот за избори


Американската амбасадорка во Скопје, Кејт Мери Брнс.

Ја поздравувам иницијативата дека изборите се закажани на 15 јули, изјави амбасадорката на САД во С.Македонија Кејт Брнс во денешна објава на Твитер. Таа додава дека идниот Парламент и Влада ќе се соочат со исклучителни одговорности коишто ќе влијаат врз иднината на државата, вклучително Ковид -19 и пристапните преговори со ЕУ.

„Со нетрпение чекам да продолжи и да се продлабочи нашето партнерство“, напиша амбасадорката на Твитер.

Денеска лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се договорија предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули, по месеци неизвесност и преговори.

Изборите првично беа закажани за 12 април, откако Собранието беше распуштено во февруари, но тие беа одложени поради избувнувањето на епидемијата на новиот коронавирус.

XS
SM
MD
LG