Достапни линкови

Спасовски: Датумот за изборите е завршена тема за Владата


Премиерот Оливер Спасовски

Премиерот Оливер Спасовски на фејсбук објави ека датумот на предвремените парламентарни избори е завршена тема за Владата. “Датумот за изборите е завршена тема за Владата. Неодговорно е државата да ја оставиме без парламент, со преодна Влада и со опозиција која е настроена деструктивно и само гледа да заработи некаков политички поен на сметка на кризата и на ризиците на кои се изложени граѓаните, напиша Спасовски на својот фејсбук профил.

Пендаровски - Вонредна состојба ако партиите се договорат за изборите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски претходно порача дека партијата нема да оди на предвремените парламентарни избори ако тие се одржат на 5 јули, или на предложениот 8 јули, а прв можен датум е средината на јули. Тој го повика претседателот Стево Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба, нагласувајќи дека партијата има два услова да учествува на изборите – подготовка на протоколи за заштита на здравјето на граѓаните и услови за фер и демократски инклузивни избори.

XS
SM
MD
LG