Достапни линкови

За ВМРО-ДПМНЕ прифатливи избори на средината на јули


Христијан Мицкоски

За ВМРО-ДПМНЕ 5 и 8 јули не е опција за одржување на избори, за нив прва возможна дата кога тоа би било можно е средината на јули, рече на денешната прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој побара од претседателот Стево Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба, за да се исполнат два услови. Првиот да се изработи протокол за заштита на здравјето на луѓето и да се има фер и демократски инклузивни избори во државата.А вториот е да се воспостави мисија на ОБСЕ/ОДИХР. Мицкоски побара по првиот ден кога ОБСЕ/ОДИХР ќе бидат во Македонија, по нивната прес конференција следниот ден да биде првиот ден на кампањата за изборите. Мицкоски му порача на раководството на СДСМ, дека ќе ги победат.

„Ќе ве победиме, кога и да се случат тие избори“, рече лидерот на ВМРО- ДПМНЕ.

ОБСЕ/ОДИХР распиша конкурс за ангажирање на експерти кои треба да ги набљудуваат предвремените парламентарни избори во Македонија на 5 јули. Конкурсот завршува на 16 јуни. А најрано експертите треба да пристигнат во земјава на 19 јуни. Тоа според Мицкоски би значело дека ако СДСМ сака избори на 5 јули, тоа би значело дека би ја почнале кампањата без присуство на мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

XS
SM
MD
LG