Достапни линкови

Оставка на полициски началник по убиство на уште еден Афроамериканец во САД


Запален ресторанот пред кој е убине Афроамериканецот.

Началничката на полицијата во американскиот град Атланта си поднесе оставка од функцијата по избувнувањето на немири во градот, откако полицаец застрела црнец на паркинг пред ресторан за брза храна.

Градоначалничката на Атланта Кијша Ленс Ботмс изјави дека ја прифатила оставката на шефицата на полицијата Ерика Шилдс по убиството на 27-годишниот Рајшард Брукс, на 12 јуни. Градоначалничката рече дека не верува дека станува збор за оправдана употреба на смртоносна сила и повика полицаецот веднаш да добие отказ.

Погребан Џорџ Флојд чија смрт поттикна протести во САД и светот

По инцидентот, демонстрантите блокираа еден голем автопат и го запалија ресторанот каде што беше убиен Брукс.

Неговата смрт дополнително ќе ги разгори фрустрациите по неколкунеделните протести во САД, но и во целиот свет против полициската бруталност и расна нееднаквост. Протестите започнаа по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен откако полицаец притискал со коленото на вратот на Флојд скоро девет минути.

Бирото за истраги во Џорџија соопшти дека го испитува инцидентот со убиството на Брукс. Полицијата на Атланта ноќта на 12 јуни добила повик, според кој, Брукс заспал во неговиот автомобил и блокирал лентата за нарачки пред ресторанот.

Полицијата, наводно, спровела тест за алкохол и кога се обиделе да го уапсат Брукс, тој избегал.

Според видео на очевидец, Брукс се борел со двајца полицајци белци. Тогаш Брукс го зел уредот за електрични шокови од еден од полицајците кога полицаецот се обидел да го искористи на Брукс, по што другиот полицаец се обидел да го искористи неговиот уред врз Брукс, додека овој бегал.

Директорт на Бирото за истраги вели дека има и друга снимка на која се гледа како Брукс бега од двајца полицајци додека крева рака во која држи некаков вид на предмет, кон полицаец. Потоа полицаецот го вади оружјето, го испразнува и Брукс паѓа на паркинтот, вели директорот на Бирото за истраги Вик Рејнолдс.

Адвокатот на семејството на Брукс бара полицаецот да биде обвинет за „неоправдана употреба на смртоносна сила, што е еднакво на убиство“.

XS
SM
MD
LG