Достапни линкови

По истекот на вонредната состојба, течат роковите за избори


Државната изборна комисија

Синоќа на полноќ заврши вонредната состојба во државата воведена по појавата на пандемијата на ковид-19. Состојбата беше воведена за справување на последиците од коронавирусот. Првата вонредна состојба претседателот на државата ја воведе на 18 март и таа траеше 30 дена, потоа следуваше уште една од 30 дена, па уште две по 14 дена.Во меѓувреме лидерите на двете најголеми партии во државата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Заев и Христијан Мицкоски не постигнаа договор за датумот за изборите, па затоа, по завршувањето на вонредната состојба продолжуваат да течат изборните дејствија за избори на 5 јули. Кампањата пак, ќе започне на 16 јуни.

Нема веќе вонредна состојба, дозволен транзит за странци, но мора да излезат за 5 часа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера го понуди 8 јули како ден за избори, а ако Мицкоски се согласеше на тоа, Заев рече дека ќе побара од Владата да свика седница и да донесе предлог за продолжување на вонредната состојба од три дена, овој пат заради договор со опозицијата.

Тој потенцираше дека опозицијата треба да учествува на изборите. Од ВМРО-ДПМНЕ пак, без конкретен одговор на понудата, го повторија ставот дека избори се можни, но инсистираат прво на заштита на здравјето на граѓаните, како и на квалитетен меѓународен мониторинг и прочистен избирачки список.

Во меѓувреме, Државната изборна комисија на седница во петокот започна со преземање на сите неопходни активностиза подготовка за избори.

Инаку првично изборите беа закажани за 12 април, а Собранието се самораспушти на 16 февруари и од тогаш не функционира.

XS
SM
MD
LG