Достапни линкови

Нов рекорд - 196 нови случаи и 8 починати од коронавирус


Во последните 24 часа се регистрирани 196 нови случаи на ковид-19 во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Направени се направени 1213 тестирања. Најмногу од новозаразените се во Скопје -90, потоа во Тетово 45, Куманово 17, Охрид 11, Гостивар и Струга по 8, 5 во Штип, во Битола 4, по 2 во Ресен и Пехчево и по 1 случај во Прилеп, Велес, Крива Паланка и Свети Николе.

Починати се осум пациенти, четири од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Скопје, пациентка на возраст од 76 години, хоспитализиран пред 10 дена, пациент на возраст од 67 години, хоспитализиран пред 8 дена и пациентка од Гостивар на возраст од 31 година, на болничко лекување од 26 мај.

Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти од Скопје на возраст од 43 години-хоспитализиран на 11 јуни, пациентка на возраст од 59 години, хоспитализирана на 10 јуни и пациент од Струга на возраст од 56 години, хоспитализиран на 2 јуни.

Во болницата во Битола почина пациент од Ресен на 68 години, хоспитализиран во текот на вчерашниот ден. Во болницата во Охрид почина пациент на возраст од 81 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3895, бројката на оздравени пациенти е 1705, на починати е 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2011.

XS
SM
MD
LG