Достапни линкови

Шефот на генералштабот на САД изјави дека неговата придружба на Трамп било „грешка“


Генерал Марк Милеј го придружува претседателот Доналд Трамп на контроверзната прошетка до црквата во близина на Белата куќа

Генерал Марк Милеј, началник на Здружениот штаб на американските сили изјави дека не било во ред да го придружува претседателот Доналд Трамп на контроверзната прошетка до црквата во близина на Белата куќа во минатата недела. Тој оцени дека неговото присуство во униформа во време на протести за расна неправда „создало перцепција дека војската е вклучена во домашната политика“. На 1 јуни, Трамп пред црквата се појави со Библија откако властите употребија солзавец и шок бомби за да ги растераат мирните демонстранти кои протестираа по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во полициски притвор.

Трамп ги мобилизира сите федерални ресурси за немирите

Неговата смрт предизвика улични протести против полициското насилство и расната неправда, а Трамп ги осуди насилните протести, ја повика Националната гарда во Вашингтон и вети дека ќе ја распореди војската во другите градови. Голем број верски водачи ги критикуваа постапките на Трамп. Мили носеше воена униформа додека одеше со претседателот, а критичарите велат дека ова укажувало на неговата поддршка за распоредување на војската против демонстрантите.

XS
SM
MD
LG