Достапни линкови

ЕК е за отворање на границите за Западен Балкан од 15 јули


Европската комисија им препорачува на земјите членки на ЕУ да одобрат отворање на границите со земјите од Западен Балкан од први јули, со оглед на добрата епидемиолошка состојба на регионот, јави МИА од Брисел. ЕК препорачува внатрешните граници на ЕУ да почнат постепено да се отвораат и граничните контроли да запрат од 15 јуни, а привремените рестрикции за несуштински патувања да се продолжат до 30 јуни во ЕУ, со оглед на подобрениот епидемиолошки тренд ширум Унијата.

Што се однесува до третите земји, Европската комисија смета дека одлуката за влезот на граѓаните зависи од епидемиолошката ситуација во земјата за која станува збор и дека не може во овој момент да се препорача целосно отворање на надворешните граници на ЕУ за сите.

Таа одлука меѓутоа не важи за земјите од Западен Балкан, јави МИА од Брисел.

Како што изјави еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, земјите од регионот се изземаат затоа што со нив ЕУ има посебно блиска соработка, но и затоа што „епидемиолошката состојба е иста, ако не и подобра“ на Западниот Балкан отколку во ЕУ.

XS
SM
MD
LG