Достапни линкови

Нови 175 случаи на Ковид-19 и петмина починати


Клиника за инфективни болести во Скопје

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 971 тестирања и се регистрирани 175 нови случаи на ковид-19, а регистрирани се и пет починати пациенти.

„Новозаразените се регистрирани во Скопје-131, Куманово-24, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Охрид-1, Гостивар-2, Свети Николе-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти, во: Скопје-12, Штип-1, Тетово-3, Велес-2. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72г). Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца пациенти од Скопје- пациентка (60г) примена на 5 јуни, пациент (64г) примен на 8 јуни и пациент (59г) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72г) примен на 30 мај“, соопшти МЗ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3538, бројката на оздравени пациенти е 1682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1687. По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Кичево е од Скопје, еден е контролен.

XS
SM
MD
LG