Достапни линкови

Во САД над 2 милиона заразени од коронавирус


САД - роднини во посета на болен од ковид-19

Бројот на потврдени инфекции со коронавирус во Соединетите држави надмина 2 милиони. Ова, според експертите се должи на олабавувањето на рестрикциитепред нешто повеќе од две недели. Сојузната држава Аризона на 10 јуни забележа рекорден број на пациенти откако туристичките места беа преполни кон крајот на мај. Тексас, Флорида и Северна Каролина, кои беа меѓу првите држави што ги олеснија мерките, исто така, објавија рекорден број нови инфекции.

Коронавирус - далеку од крајот и тежок удар врз светската стабилност

Во САД се евидентирани скоро 113,000 смртни случаи што е нешто над една четвртина од смртните случаи во светот, околу 416,000. Во Северна и Јужна Америка има скоро половина од смртните случаи од коронавирус во светот.

XS
SM
MD
LG