Достапни линкови

Вархеји разговарал со Заев и Мицкоски за изборите


Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји вечерва објави дека разговарал за парламентарните избори во земјава со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Вархеји на Твитер напиша дека ја истакнал важноста од слободни, фер и инклузивни избори во Северна Македонија, водејќи сметка за состојбата со Ковид -19 и за потребата од економско закрепнување.

„Вечерва разговарав со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за да ја нагласиме важноста за слободни, фер и инклузивни избори во Северна Македонија, земајќи ја предвид ситуацијата со Ковид-19, како и потребата од ефикасни мерки за економско закрепнување“, напиша Вархеји на Твитер.

Владата донесе уредба за продолжување на изборниот процес

Претходно денеска Владата донесе Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес, соопшти вечерва владината прес-служба. Со Уредбата задолженија добија неколку институции, вклучително Државната изборна комисија (ДИК), МВР и Министерството за здравство.

Од Владата информираат дека единствен кој гласал против оваа уредба е министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

XS
SM
MD
LG