Достапни линкови

125 нови случаи на Ковид-19 и седум починати


Во последните 24 часа се направени 1019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 - Скопје 89, Куманово 4, Штип 2, Прилеп 2, Тетово 11, Струга 3, Велес 1, Охрид 8, Гостивар 1, Струмица 2, Кичево 1 и Ресен 1. Регистрирани се и 7 смртни случаи, соопшти Министерството за здравство.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46) која починала при прием во амбулантата. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (77) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73.) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај“, соопшти МЗ.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 39033 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3364, бројката на оздравени пациенти е 1664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1536.

XS
SM
MD
LG