Достапни линкови

Ахмети: Спремни сме да жртвуваме се, време е за Албанец премиер


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети

Ние Албанците сонувавме за слобода, за рамноправност и се боревме овој сон да стане реалност. Кога веруваме во нешто, ние сме спремни да жртвуваме се. Време е за првиот Премиер Албанец во Северна Македонија, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на почетокот од видеообраќањето за предлогот за прв премиер Албанец на Македонија.

„Денес, повеќе од било кога, Албанците предводат раководни позиции како претседатели на Врховен и Уставен суд, министри за одбрана и внатрешни работи заедно со клучни државни институции како и претседателот на Собранието. Но сепак, ова не е доволно. Сега е време сонот да продолжи. Северна Македонија е наша земја. Земја за која сме се бореле. Ова е национална Албанска кауза. Ова е нашиот национален сон. Сонот на потполната рамноправност, сонот на едно општество што зборовите ги спроведува во дела. Првиот Албански премиер ќе биде премиер на сите, претставувајќи еднакво општество и предводејќи ја Северна Македонија кон побогата иднина како земја членка на НАТО и на Европската Унија“, рече Ахмети во видео-обраќањето.

Идејата е остварлива, додаде Ахмети, иако, како што рече некој може и ќе се потсмева. Лидерот на ДУИ не објави можни кандидати за премиерската функција.

„Некои можат да ја наречат оваа идеја неостварлива. Некои можат и да ја потсмеваат нашата доверба во остварување на сонот на многу Албанци. Сепак, и тоа е добро. Кога некој ти го одрекува сонот, те поттикнува да работиш уште повеќе за да го оствариш“, рече Ахмети.

XS
SM
MD
LG