Достапни линкови

Северна Кореја прекинува комуникација со Јужна Кореја


Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун и претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин

Северна Кореја од денеска ќе прекине различни линии на комуникација со Јужна Кореја како прв чекор кон затворање на сите средства за контакт со Сеул, јави корејската Централна новинска агенција.

„Пјонгјанг целосно ќе ја прекине и затвори линијата за врски помеѓу властите на Северот и Југот, што се одржува преку заедничката канцеларија за врски Север-Југ“, како и други комуникациски врски со почеток во 12 часот на 9 јуни“, јави агенцијата.

Таквиот чекор доаѓа по застојот во врските меѓу двете земји и покрај одржувањето на три самити меѓу лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун и претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин во 2018 година.

Северна Кореја се закани дека ќе ја затвори меѓукорејската канцеларија за врски и други проекти доколку јужниот сосед не ги спречи дезертерите да испраќаат летоци и друг материјал на северот. Американскиот Стејт департмент соопшти дека е „разочаран“ од „неодамнешните активности“ на Северна Кореја и го повика Пјонгјанг да „се врати на дипломатијата и соработката“.

XS
SM
MD
LG