Достапни линкови

Смртна казна за Иранец кој пренесувал информации за Солејмани


Илјадници Иранци на погребот на генералот Касем Солејмани

Иранските власти соопштија дека мажот кој пренесувал информации за локацијата на генералот Касем Солејмани е осуден на смртна казна. Солејмани беше убиен во американски воздушен напад во близина на аеродромот во Багдад на почетокот на јануари и тоа дополнително предизвика тензии меѓу САД и Иран.

Смртната казна за Сијед Махмуд Мусави е потврдена и од Врховниот суди како што најавија иранските власти ќе биде набрзо спроведена. Според властите, тој добил голема сума на пари од ЦИА и од Мосад.

Трамп: Солејмани беше закана за САД

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека убиството на Солејмани било неизбежно поради ризикот од напади врз американски дипломати и претставници на власта во Ирак и во регионот.



XS
SM
MD
LG