Достапни линкови

ССМ: Надомест за професионално заболување за работници во изолација


Претседателот на ССМ, Дарко Димовски

Сојузот на синдикатите на Македонија бара работниците од Ковид-19, работниците кои се во изолација или во самоизолација поради коронавирусот, да им биде исплатен надомест на плата за боледување, односно надомест за професионално заболување во висина од 100 проценти.

„Во изминатиот период, сведоци сме дека голем број на работници, не по нивна вина, или се заболени од Ковид-19, или се во изолација или самоизолација поради контакт со друг работник кој бил изложен на заразната болест, дали на работното место или при превоз до и од работното места и од тие причини потребно е Владата, веднаш преку носење на Уредба да го регулира статусот на тие работници и да спречи исплата на плата пониска од 100 проценти како надомест на плата за боледување односно за време на привремена неспособност за работа“, се вели во соопштението од ССМ.

Со ваквата Уредба, велат од Синдикатот, ќе се спречат сите несовесни работодавачи да ги кршат правата на работниците во тие исклучително сложени и тешки моменти за нив, а со тоа ќе се обезбеди и сигурност на платата и егзистенција на работниците се со цел наминување на таквата состојба.

XS
SM
MD
LG