Достапни линкови

Светска банка: Најголем пад на светската економија од 1945-та


Пандемијата на коронавирусот и мерките преземени од страна на државите со цел потиснување на вирусот,на крајот од 2020 година ќе доведат до најголем пад на светската економија од Втората светска војна, наведува Светската банка во најновиот извештај.

Според прогнозите на Светската банка, глобалниот раст ќе се намали за 5,2 проценти оваа година, што би било најдлабока рецесија по Втората светска војна.

„Повеќето светски економии би доживеале најголем пад на производството по глава на жител од 1870 година“, соопшти Светската банка во извештајот „Глобални економски перспективи“.

Најтешко погодени се оние држави каде пандемијата е најлоша и кои во голема мерка се потпираат на глобалната економија, туризмот, извозот на стоки и надворешното финансирање, се додава во извештајот.

XS
SM
MD
LG