Достапни линкови

Арифи: Во Тетово полицискиот час не дава резултати


Теута Арифи

Тетовската градоначалничка Теута Арифи, по денешниот редовен состанок на Кризниот штаб на Општина Тетово, изјави дека смета оти треба да се олабават мерките и дека не е за повторно воведување на полициски час во Тетово, бидејќи оваа мерка не ги дава резултатите.

„После два и пол месеци нема никаква потреба повторно да се враќаме на полициски час. Оваа мерка нема да даде никакви резултати. Минатава недела на телевизиите имаше неколку прилози од Инфективна клиника и со тоа многу поверодостојно ќе може да се убедат овние граѓани кои се скептици за постоењето на вирусот. На овој начин, со вакви ТВ емисии, може поефикасно да се подигне нивната свест кај населението тоа да се придржува до препорачаните мерки, отколку што тоа ќе го направи полицискиот час. Како полициски час сметам дека нема да даде никави резултати“, изјави градоначалничјката Арифи.

XS
SM
MD
LG