Достапни линкови

Локомотива - членка на Европската мрежа на танцови куќи


Центарот за нови инцијативи во уметноста и културата деновиве стана член на Европската мрежа на танцови куќи. Едновремено, промовирана е и онлајн активноста насловена „Архива на рефлекси - Каде сме и каде одиме?“ која има за цел да сподели размислувања за влијанијата врз уметноста и културата.

Од Центарот за нови инцијативи во уметноста и културата - Локомотива од Скопје, како претставник на проектниот простор Кино Култура, само во неколку дена со две убави вести. Имено, најновата вели дека деновиве Локомотива стана член на ЕДН - Европската мрежа на танцови куќи, а во пресрет на нејзиното објавува и тоа дека тие проширувајќи ја својата програма „Современа култура и културни политики“ во 2020 ја создадоа и онлајн активноста насловена како „Архива на рефлекси - Каде сме и каде одиме?“.

Но, да тргнеме со ред.

За скорешното членство во Европската мрежа на танцови куќи од Центарот за нови инцијативи во уметноста и културата велат дека тоа за нив, за Локомотива и Театар на Навигаторот Цветко, е особено важна вест за остварување на дел од нивните долгогодишни цели за интернационализација на делувањетово културата.

„Ова учество во мрежата ЕДН, значи за нас дека Кино Култура како проектен простор за современи изведувачки уметности, меѓу кои, танц и перформанс беше препознаен и поддржан од меѓународните партнери.“

Партнерот Локомотива вака како членка на Мрежата ќе има можност да ги зајакне механизмите за застапување и залагање за постојан простор и институција која ќе го поддржува развојот на современите изведувачки уметности, како танц и перформанс, во земјата.

„Се надеваме дека локалните и националните власти конечно ќе ја препознаат потребата за „дом“, или еден одржлив простор и институција која ќе одговори на потребите на уметниците кои творат во тоа поле во Македонија, а ќе помогнат овој проектен простор да прерасне во еден таков „дом“’, вели Билјана Тануровска - Ќулавковски од Локомотива.

Таа и со информација дека покрај нив, како нови членки на Мрежата беа прифатени и две други организации од регионот: Станица сервис за современ танц, од Белград и Дерида танцовиот центар, од Софија. Во контекст на ова само уште и дополнување дека Европската мрежа на танцови куќи е мрежа за соработка и доверба помеѓу европските танцови куќи кои споделуваат заедничка визија за интернационален развој на танцовата уметност. Клучна мисија на мрежата е да соработува за да обезбеди одржлива иднина на танцовиот сектор и да ја подобри релевантноста на разновидните изведби во општеството. Затоа ЕДН поддржува платформа за меѓу културна размена, развива заеднички проекти, споделува увид во, и ги до развива ваквите организации, благодарение на информациите од здруженија, работа на теми од културата за вклучување на малцинствата и поттикнува активна кампања за културно учество, промовира размена за уметнички развој, курира, презентира, копродуцира проекти итн.

Од друга страна, во однос на онлајн активноста „Архива на рефлекси - Каде сме и каде одиме?“, Билјана Тануровска Ќулавковски истакнува дека, заедно со ко-уредничката Виолета Качакова и координаторката на програмата Зорица Зафировска, поканиле колеги, културни работници, уметници, критичари, активисти на граѓанското општество... да предложат, критикуваат, односно да промислат и рефлектираат на прашања кои се однесуваат на културата на солидарност, создавање и ширење на знаењата во овие времиња. Да понудат нови модели на поддршка на современа продукција, и мерките за надминување на несигурната прекаријатната позиција на уметниците и културните работници.

„Создавањето на оваа архива на рефлексии е обид за создавање нов јавен простор за културна работа, бидејќи веќе постојниот е одземен од вирусот. Мислам дека без вакви размислувања и заеднички размени не можеме прво да се видиме себе си кај сме и каде можеме понатака да одиме. Посебно каде се наоѓаме во однос на другите. Затоа што ние не сме изолирани во своето творештво како култура и уметност, туку секогаш сме во некаква релација со нашите соседи и пошироко со светот“, ќе рече таа.

Според неа размислувањата преку една ваква „Архива на рефлекси“ им овозможуваат да видат како ги поимаат нештата останатите нивни колеги во одредени контексти и особено како притоа заедно со нив да направат нешто подобро во културата во иднина. Дека ова се основите за натамошна работа во ова поле особено ако во предвид се земе тоа што се случува во изолирани ситеми како нашиот едно време каде нема основа за натамошен развој.

Оваа Архива на рефлексии и не е само тоа, туку е и извор на идеи за тоа како ние во оваа средина културата да ја направиме повидлива. Уште повеќе да ја зацврстиме како еден дел од социјалната држава, да овозможиме работниците во културата и во уметноста да не се толку изложени на немање на можности за работа. Да видиме кои се тие модели, механизми и инструменти коишто може и покрај ваква криза понатака да се развијат со цел да можеме подобро да работиме односно да твориме на ова поле, смета Тануровска Ќулавковски.

Архивата на рефлексии инаку опфаќа 32 онлајн интервјуа - размислувања и рефлексии - од поканетите соработници на пет поставени прашања поврзани со културата на солидарност во време на COVID-19, а кои се емитуваа почнувајќи од 27 мај, секој работен ден, на интернет платформата на Локомотива на нејзиниот YouTube канал.

И кон ова само уште информацијата дека своите рефлексии како дел од програмата ги споделија: културни работници и уметници како Агнес Квакелс од Белгија, Александра Секулиќ од Србија, Ана Жувела од Хрватска, Анастасија Прошутинска од Русија, Андреас Либман од Данска/Швајцарија... и нашите Владимир Јанчевски, Виолета Симјановска, Ивана Васева, Ивана Дракшиќ, Јасмина Василева, Јордан Шишовски, Кумјана Новакова и Сенка Анастасова.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG