Достапни линкови

127 нови случаи на Ковид-19 и тројца починати


Клиника за инфективни болести во Скопје

Во последното деноноќие се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје-67, Куманово-1, Дебар-1, Штип-33, Тетово-10, Струга-5, Охрид-6, Кочани-2, Пробиштип-2. Три лица починаа, а регистрирни се 7 оздравени пациенти од кои во Скопје-4, во Тетово-2 и во Гостивар-1, соопшти Министерството за здравство.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни“, соопшти МЗ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.152, бројката на оздравени пациенти е 1.653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.343. По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Куманово е од Скопје.

Направените 702 теста се преку: ИЈЗ –440 , ЦЈЗ Скопје-24 , Авицена –0 , Биотек - 0, Жан Митрев (Филип Втори) –91 , Систина со PCR метода –66 и МАНУ -81. Досега во земјата се направени вкупно 37.027 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни на ковид-19

XS
SM
MD
LG