Достапни линкови

Десетици илјади на протестите против расизмот и полициската бруталност


протести во Сан Диего

Десетици илјади луѓе веќе 12 дена по ред излегуваат на улиците на многу американски градови на протести против полициската бруталност и расната нееднаквост. Во Вашингтон беа одржани најголемите демонстрации од 25-ти мај, по смртта Џорџ Флојд, афроамериканец кој почина додека беше во полициски притвор во Минеаполис, Минесота. Големи протести имаше и во Њујорк, Филаделфија, Сиетл, Чикаго и Лос Анџелес.

Продолжуваат протестите против полициска бруталност и расна нееднаквост во САД

Протестите за време на викендот се одвиваа главно без поголеми насилства, за разлика од жестоките судири меѓу демонстрантите и полицијата во претходните денови. Анти расни протести имаше и во неколку држави во светот како Британија, Германија, Белгија, Италија. Во британскиот град Бристол демонстрантите ја урнаа статуата на познатиот трговец со робови Едвард Колстон и ја фрлија во пристаништето.

XS
SM
MD
LG