Достапни линкови

Вучиќ – Чекам предлог за решение на косовското прашање


Српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека со укинувањето на косовските мерки за реципроцитет е отворен просторот за дијалогот Белград – Приштина.

Во интервју за Радио Слободна Европа, Вучиќ рече дека се откажал од големите иницијативи за решавање на прашањето на Косово и додаде дека чека што ќе биде предложено.

Вучиќ вели дека очекува специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчев, да дојде во Белград и Приштина по изборите во Србија на 21 јуни.

Српскиот претседател во интервјуто вели дека Србија е определена за членство во ЕУ, а на прашањето за евроскептицизмот во неговите изјави, рече дека се работи за еврореализам.

На прашањето за блиските односи со Русија и со Кина, тој рече дека Србија со текот на времето ќе ја усогласи надворешната политика со ЕУ, но дека дотогаш ќе ги штити националните и државни интереси.

XS
SM
MD
LG