Достапни линкови

Над 600 милиони луѓе во светот се разболуваат од небезбедна храна


Илустрација

Повеќе од 600 милиони луѓе се разболуваат, а 420 илјади умираат секоја година како резултат на небезбедна храна загадена со бактерии, вируси, паразити, токсини или хемикалии, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Денеска се одбележува Светскиот ден на безбедната храна кој беше востановен минатата година од страна на Обединетите нации. Целта е да се подигне јавната свест за безбедноста на храната и да се информира јавноста за важноста од превенирање и управување со ризиците поврзани со неа.

Кон оваа глобална иницијатива денеска се приклучува и Агенцијата за храна и ветеринарство од каде информираат дека и во услови на пандемијата со КОВИД -19, во земјава се реализираат сите активности од областа на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните.

XS
SM
MD
LG