Достапни линкови

Џо Бајден и формално стана демократски кандидат за претседател на САД


Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден и официјално стана кандидат на Демократската партија за претседателските избори кои треба да се одржат во ноември.

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден и официјално стана кандидат на Демократската партија за претседателските избори кои треба да се одржат во ноември.

Бајден изјави дека му била „чест да се натпреварува со една од најталентираните групи кандидати“ и дека демократите на изборите „одат како единствена партија“.

Иако фактички ги доби внатрепартиските избори уште во април, кога од трката се повлече сенаторот Берни Сандерс, Бајден дури сега го собра потребниот број делегати.

Бајден ќе се соочи со претседателот Доналд Трамп, кој ќе се обиде да добие втор мандат. Извесно е дека на изборите ќе доминираат темите поврзани со пандемијата на коронавирус, рецесијата и граѓанските протести кои ги потресуваат САД, наведува Асошиејтед прес.

XS
SM
MD
LG