Достапни линкови

Нови 180 случаи на Ковид -19, двајца починати


Клиника за инфективни болести во Скопје.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 180 нови случаи на Ковид -19, соопшти денеска Министерството за здравство, од вкупно 1.272 тестирања.

Од нив, во Скопје има 109 новозаразени, во Куманово 26, Дебар 1, Штип 15, Тетово 12, Струга 1, Велес 1, Битола 1, Охрид 1, Гостивар 8, Гевгелија 2, Валандово 1, Свети Николе 1, Неготино 1. Според податоците на институцијата истовремено почиати се двајца пациенти.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал и 11 оздравени пациенти.

Исто така се наведува дека досега во земјата се направени вкупно 34.386 тестирања на Ковид -19, а од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 16 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, при што нема позитивни резултати на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2790, активни се 1.009 случаи, а 149 луѓе починаа.

XS
SM
MD
LG