Достапни линкови

Во Русија речиси 450.000 заразени со коронавирус


Илустрација - Патници чекаат воз на железничка станица во Москва

Бројот на потврдени нови случаи на коронавирус во Русија се зголеми за 8.726 со што вкупниот број на заболени лица во оваа земја е 449.834, соопшти денеска кризниот центар задолжен за сизбување на вирусот.

Русија по бројот на заразени лица е на третото место во светот, зад САД и Бразил. Починати се уште 144 лица,со што вкупниот број на починати во Русија е 5.528 лица. За оздравени во Русија се водат вкупно 212.680 лица.

XS
SM
MD
LG