Достапни линкови

Во тек е полицискиот час


Полициски час во Скопје - архивска фотографија

Во земјава е во тек полициски час кој започна синоќа во 21 часот. Тој беше повторно воведен со цел да се спречи нов бран на ширење на коронавирусот. Ограничувањето на движењето ќе важи до понеделник во 5 часот, а се однесува на сите 10 општини на град Скопје и на пет предградија, Кумановско-липковскиот регион, Тетово со пет околни општини и Штип, каде што живеат вкупно околу две третини од населението во земјава. Според министерот за здравство Венко Филипче, ова се локации каде што вирусот се шири брзо, најчесто заради непочитување на превентивните мерки за заштита од ковид-9.

Време е за менување на свеста за заштита од Ковид-19

На другите места, ограничувањата за движење за сите граѓани се од четврток; од 21,00 до 5,00 часот, а петок и за викенд од 16,00 до 5,00 часот следниот ден. Во последните неколку дена, бројот на заразени лица повторно се зголемува, с вчера се регистрирани рекордни 120 ново заразени што е најголем број од почетокот на епидемијата

XS
SM
MD
LG