Достапни линкови

Прва комеморација за Џорџ Флојд во Минеаполис


комеморација за Џорџ Флојд во Минеаполис

Познати личности, активисти за граѓански права, политичари и членови на семејството на Џорџ Флојд се собраа во Минеаполис на комеморација на човекот чија смрт за време на полициското апсење предизвика протести низ целата земја со повици за крај на расната неправда. Собраните лица носеа маски и се поздравуваа едни со други со лактите, заради мерките за дистанцирање околу коронавирусот.

Полицајци обвинети за смртта на Џорџ Флојд, протестите продолжија

Ова беше прва од неколкуте комеморации што ќе се одржат во текот на следните шест дена. Флојд почина на 25 мај откако полицаец го притискаше со коленото на вратот девет минути дури иако тој молеше за воздух. Тоа беше снимено на видео што потоа предизвика протести во голем број американски градови во изминативе неколку дена.

XS
SM
MD
LG