Достапни линкови

Коронавирус: Новозаразени 120 и двајца починати


Венко Филипче

Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Новозаразените се во Скопје 67, Куманово 19, Штип 16, Прилеп 4, Тетово 9, Велес 2, Гостивар 1, Неготино 1 и Струмица 1.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65-годишна пациентка, примена на 28 мај, а во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти“, соопшти Филипче.

Досега во земјата се направени вкупно 33114 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 2 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2611, бројката на оздравени пациенти е 1621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.

XS
SM
MD
LG