Достапни линкови

Туристички ваучери за граѓани со примања под 15.000 денари


Фотографија од серијалот „Поздрав од мојот прозорец“ (Охрид , Северна Македонија)

Владеачкиот СДСМ денеска соопшти дека над 130.000 вработени граѓани чии приходи од јануари до април годинава месечно не биле поголеми од 15.000 денари ќе добијат ваучер од 6.000 денари, кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти, како и платежна картичка од 3.000 денари која ќе може да ја користат во сите угостителски објекти во државата.

„Ова е дел од третиот пакет мерки на Владата предводена од СДСМ за директна поддршка на економијата. Граѓаните кои, според податоците на УЈП ги исполнуваат условите за оваа мерка, преку електронска пошта ќе добијат ваучер со QR KOD во вредност од 6.000 денари и упатство за негово користење. На истите граѓани им следува и електронска платежна картичка во вредност од 3.000 денари која можат да ја користат во сите угостителски објекти за исхрана и во објектите каде ќе одмараат и во други угостителски објекти“, соопшти СДСМ.

Ваучерите за сместување можат да се користат во сите објекти за сместување кои имаат Решение за категоризација вклучувајќи го и приватното сместување од 15 јули до 15 декември годинава. Оваа мерка за поддршка на домашниот туризам, како една од најпогодените гранки од коронакризата, е во вредност од 10 милиони евра.

XS
SM
MD
LG