Достапни линкови

МЗ: Почитувајте ги мерките и давајте точни податоци


Министерството за здравство денеска ги повика граѓаните да ги почитуваат во целост мерките и препораките за заштита од коронавирусот, како и да даваат точни информации на надлежните институции.

„Почитувањето на мерките ќе овозможат побрз излез од здравствената криза. Граѓаните да се воздржат од групирање и да ја одржуваат потребната физичка дистанца. Да носиме заштитна опрема и да ги миеме често и да ги дезинфицираме рацете. Да бидеме внимателни и да го заштитиме личното, но и колективното здравје“, предупредуваат од МЗ.

Оттаму потсетуваат дека на вчерашната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче потенцираше сите граѓани да даваат вистинити и точни информации на надлежните институции, а МВР поинтензивно да врши контроли на терен.

XS
SM
MD
LG