Достапни линкови

Градоначалникот на Штип против карантин и полициски час


Поглед на Штип. Илустрација.

Градоначалникот на Штип и командат на Општинскиот кризен штаб, Благој Бочварски денеска изјави дека е донесена одлука да се затворат пет конфекции во кои се регистрирани нозаразени од коронавирус. Станува збор за конфекции во кои вкупно се вработени од 450 до 500 работници. Според него, завршен е скринингот на текстилните работнички во конфекцијата која е затворена веќе една недела, а според резултатите, 55 отсто од нив се позитивни на Ковид -19. Бочварски порача дека е голем противник на повторно воведување на полициски час или ставање на карантин целиот град.

Тој побара од работниците кои наредните денови ќе бидат затворени да не се шетаат низ градот, туку да седат дома согласно препораките на здравствените работници и доколку се јават сипмтоми да ги контактираат епидемиолозите.

Филипче: Имаме контрола, кластерите познати, за полициски час дополнително

Државниот секретар на Министерството за здравство, Владимир Милошев додаде дека донесена е одлука наредните денови Центарот за јавно здравје- Штип да направи масовно тестирање на вработените во конфекциите. Тој забележа и дека денешната бројка од 27 новозарезени е очекувана, со оглед на лоцираното жариште во една од конфекциите.

Нови 89 случаи позитивни случаи на коронавирус, седум починати, а 17 оздравени пациенти се регистрирани во изминатите 24 часа, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

XS
SM
MD
LG