Достапни линкови

Русите на 1 јуни ќе гласаат за уставните измени


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин донесе одлука на 1 јули да се гласа за воведување на уставните измени кои би му овозможиле да остане на власт до 2036 година. Претседателката на Централниот изборен комитет, Ела Памфилова изјави дека ја поддржува идејата, додавајќи дека гласањето ќе започне седум дена пред официјалниот датум, со цел да се избегнат големи гужви.

Предлог-законот за уставни измени беше одобрен од пратениците и од Уставниот суд во март. Се очекуваше да биде ставен на национален референдум на 22 април, но поради појава на коронавирус, неговото одржување беше одложено.

Тековниот мандат на Путин, втор на функцијата започна во 2018 година. Постојниот устав им забранува на претседателите да имаат повеќе од два последователни мандати, но измените би му овозможиле повторно да се кандидира на функцијата.




XS
SM
MD
LG