Достапни линкови

Вучиќ и Борисов во обиколка на Балкански поток


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ за време на денешната посета на Бугарија оцени дека изградбата на гасоводот Балкански поток е од суштинско значење за развојот на двете земји и за нивната соработка и дека многу луѓе не го разбираат целосно значењето на проектот, јави МИА.

„Изградбата на тој гасовод и за Бугарија и за Србија значи економски раст, индустриски раст, но и обезбедување на нашите домаќинства со таа енергија. Тоа е инвестиција чии резултати не се гледаат веднаш и е од стратешко и дубинско значење за напредокот на нашите земји“, изјави Вучиќ, по обиколка со бугарскиот премиер Бојко Борисов на градилиштето на гасоводот и на магистралниот пат од српската границата до Софија.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во заедничкото обраќање со Вучиќ по посетата на работите на гасоводот, изјави дека гасоводот Балкански поток ќе биде од корист за двете држави и ќе придонесе за диверзификација на гасот на целиот регион и дека цената ќе биде конкурентна.

XS
SM
MD
LG