Достапни линкови

Мицкоски: Заев не е реален, комуницирам со Пендаровски и Владата


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Овој ден јас нема да го користам за преписки и конфликти и дополнително да ги вознемирувам граѓаните како Зоран Заев кој покажува отсутност и немање допир со реалноста. Работите се многу посериозни, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, по објавата на Заев за тоа дека изброрите ќе се одржат на 5 јули.

„Имаме црн понеделник, се заразуваат премногу луѓе, премногу и умираат, и јас не знам како само мирно спие овој човек и како се прави како ништо да не се случува и глуми нормалност. Денес сум во комуникација со повеќе лица од Владата на Спасовски и со Претседателот Пендаровски, загрижен за развојот на настаните и излегувањето од контрола на пандемијата со вирусот. Мора да се демонстрира сериозност и да се носат одлуки кои ќе значат заштита на здравјето на граѓаните, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски“, напиша Мицскоски на неговиот фејсбук профил.

XS
SM
MD
LG