Достапни линкови

11 угостителски објекти ги прекршиле корона-мерките


Илустрација - Угостителски објект во Скопје

Викендов 11 угостителски објекти низ државата биле санкционирани со прекршочни, а еден локал со кривична пријава поради непошитување на мерките за заштита од коронавирусот, информираше денеска директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски, директор на Пазарен инспекторат.

Пријавите биле поднесени за локали во Скопје, Дебар, Струга и Тетово, а затворен бил и луна парк во скопско Горно Лисиче, кој вршел дејност која не е дозволена според протоколите за заштита во пандемијата.

„Во 12 објекти не се почитувало правилото за групирање на повеќе луѓе, немало растојание помеѓу масите, пристигнувале луѓе во групи, се примале гости и внатре во објектите. Имаме непочитување на работно време и по 22 часот“, изјави Пауновски.

XS
SM
MD
LG