Достапни линкови

Мисајловски: СДСМ е нов кластер за пренесување на вирусот


Владо Мисајловски и останатите носители на изборните листи на ВМРО-ДПМНЕ за изборите

Дали сте свесни дека СДСМ е нов кластер за пренесување на вирусот?, напиша денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на неговиот официјален фејсбук профил.

Тој го прашува СДСМ дали за „ фотелји и гласови во пик на епидемија ја втурнал цела држава во опасност“.

„Цела изборна единица 2 ја поминавте да делите флаери, брашно и компири, без разум дали ќе придонесете да се шири вирусот, настрана отворениот поткуп на избирачите?“, вели Мисајловски.

Речиси во исто време, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција, изјави дека за нив датумот за избори е завршена работа и деќа избори ќе има на 5 јули 2020 година.

Претходно, а по објавата на пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири дека тој и неговото семејство се позитивни на Ковид-19, вицепремиерката Мила Царовска, министерот Дамјан Манчевски и уште неколку функционери од власта објавија дека се во самоизолација, а директорката на УЈП, Сања Лукаревска, објави дека е позитивна на коронавирусот.

XS
SM
MD
LG