Достапни линкови

НАкС: Јанкуловски распишал избори за Сенат контра Статутот


Ректорот проф. д-р Никола Јанкуловски

Независниот академски синдикат денеска го обвини ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, дека распишал избори за Сенатот во спротивност со Статутот на УКИМ и уредбата на Владата, и поради тоа поднел претставка до Државен просветен инспекторат.

„Ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски повторно прави обид за манипулација на изборен процес и го прекршува Статутот на УКИМ. Овој пат, се работи за избор на новите членови на Сенатот на УКИМ – највисокиот орган на одлучување на Универзитетот. Поради ова, НАкС денеска достави претставка до Државниот просветен инспекторат, од кој очекуваме брза реакција“, се наведува во соопштението од НАкС.

Од Синдикатот велат дека на 22 мај е испратен допис до единиците на Универзитетот со насоки да се изберат нови сенатори, најдоцна до 8 јуни.

„Со ова е прекршен членот 155 од Статутот на УКИМ во кој е децидно наведено дека постапката за избор на сенатори треба да отпочне најмалку 60 дена пред истекот на мандатот на постојниот состав“, стои во соопштението од НАкС.

XS
SM
MD
LG