Достапни линкови

Османи: Денес бројот на новозаразени е уште позагрижувачки


Бујар Османи

Вицепремиерот Бујар Османи на својот фејсбук профил објави дека бројот на новозаразени со коронавирус во последното деноноќие бројот на новозаразени е позагрижувачки и предупреди максимално да се почитуваат мерките за заштита.

„Можноста да бидете во контакт со некој позитивен од коронавирусот во последните денови е голема. Затоа почитувајте ги мерките, и немојте да верувате на теории на заговор. Запомнете, маската заштитува 79% од трансмисијата. Немој да бидеш причина за смртта на најблиските“, напиша Бујар Османи на својот профил.

Подоцна Министерството за здравство информираше дека во последното деноноќие се регистрирани 89 новозаразени со коронавирус, седум починати и 17 оздравени.

„Во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19, од кои во Скопје 35, Куманово 12, Штип 27, Прилеп 1, Тетово 7, Гостивар 1, Струмица 1, Кочани 4 и Свети Николе 1. Во ГОБ „8 Септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години“, информираше МЗ.

XS
SM
MD
LG