Достапни линкови

Во САД продолжуваат протестите


Полицијата со солзавец против демонстранти пред Белата куќа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00

Полицијата со солзавец против демонстранти пред Белата куќа

Во САД продолжија демонстрациите против расната дискриминација по смртта на невооружениот афроамериканец Џорџ Флојд во полициски притвор во Минеаполис, Минесота. Протести имаше во најмалку 75 американски градови, а повеќе држави ја повикаа Националната гарда да помогне во контролата на граѓанските немири кои во текот на изминатата недела доведоа до апсење на стотици луѓе.

Полицијата употреби солзавец пред Белата куќа доцна во неделата, откако поголемите градови во САД беа ставени под полициски час за да ги задушат немирите на протестите против расизмот и полициската бруталност.

Насилните судири избувнаа повеќепати во еден мал парк покрај Белата куќа кога демонстрантите запалија неколку големи пожари.

Локалните американски лидери апелираа до граѓаните да протестираат достоинствено, а не со насилство.

Насилни протести низ САД поради полициско расно убиство

Околу 5.000 војници на Националната гарда се активирани во 24 држави и главниот град Вашингтон, соопшти Националната гарда.

Најмалку 40 градови, меѓу нив, Лос Анџелес, Чикаго, Детроит, го продолжија полицискиот час.

Лос Анџелес, протести
Лос Анџелес, протести

Демонстрантите го искажуваат својот гнев поради смртта на 46 годишниот Џорџ Флојд, кој, како што беше прикажано на видео снимено од минувач, бил држен од полицаец со коленото на задниот дел на вратот, при што повеќе пати извикува: „Не можам да дишам“.

Прелиминарна обдукција откри дека на телото на Флојд нема физички знаци на траума или пак задушување.

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја пофали Националната гарда за напорите за спречување на насилството.

„Честитки до нашата Национална гарда за одличната работа што ја направија веднаш по пристигнувањето во Минеаполис, Минесота“, твитна Трамп, додавајќи дека „тие треба да се користат и во други држави пред да биде предоцна!“.

Трамп ги нападна медиумите за тоа што, како што изјави „направија сé што е во нивна моќ за да се поттикнат омраза и анархија“.

Трамп исто така на Твитер објави дека ја назначи екстремната левичарска група Антифа - која ја обвини дека го води насилството - како терористичка организација.

Во САД расте невработеноста поради пандемијата

„Насилството поттикнато и спроведено од Антифа и други слични групи во врска со немирите е домашен тероризам и ќе се постапува соодветно“, оцени и американскиот јавен правобранител Вилјам Бар.

Аталанта, протест
Аталанта, протест

Инаку, Трамп на 30 мај изјави дека смртта на Флојд е „тешка трагедија“ што ја исполни земјата со гнев и тага, но додаде дека неговата администрација нема да толерира демонстрации и насилство.

Распоредување на униформирани единици на Националната гарда е ретко, и, според посматрачите, предизвикува вознемирувачки сеќавања на немирите во американските градови во 1967 и 1968 година во бурен период на протести поради расните и економските разлики.

Во меѓувреме, кошаркарската легенда Мајкл Џордан на 31 мај за смртта на Флојд, на Твитер објави дека на црните луѓе и малцинствата „им е доста“ од расизмот во Соединети Држави.

XS
SM
MD
LG