Достапни линкови

Пратеникот Зеќири и семејството позитивни на Ковид - 19


Архива - Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири.

Пратеникот Мухамед Зеќири, неговата сопруга и нивната тримесечна ќерка се позитивни на коронавирусот, објави денска Зеќири на својот профил на Фејсбук.

Тој вели дека и покрај тоа што строго ги почитувал мерките и имал минимални контакти со луѓе, по тестирањето биле позитивни тој, сопругата и ќерката.

„За среќа јас немам никаков симптом, но резултирав позитивен“, вели Зеќири.

Тој упати апел до граѓаните да не го потценуваат вирусот и можноста за заразата и да бидат максимално внимателни.

XS
SM
MD
LG