Достапни линкови

Двајца починати и нови 62 позитивни на Ковид -19


Илустрација - Клиника за инфективни болести во Скопје.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 62 нови случаи на Ковид – 19 и двајца починати пациенти. Од новозаразените 24 се во Скопје, Штип 14, Тетово 12, Струга 4, Гостивар 3, Куманово 2, Велес 1, Кочани 1 и Валандово 1, соопшти денеска Министерството за здравство.

„Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (60г.) примен во болницата на 22 мај. Евидентиран е пациент од Гостивар (64г.) примен и починат во болницата во Гостивар на 29 мај, за кој тестот покажа позитивен резултат“, се вели во соопштението на Министерството.

Денеска исто така Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздрававени пациенти.

Во изминатото деноноќие направени се 771 тестирања, од кои 221 во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи, со што досега во земјава вкупно се тестирани 29.575 граѓани.

Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот.

Досега во рамките на скринингот се направени 3.723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на коронавирус.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2226, бројката на оздравени пациенти е 1552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541.

XS
SM
MD
LG