Достапни линкови

Четворица починати и 35 нови случаи на Ковид - 19


Клиника за инфективни болести во Скопје.

Министерството за здравство денеска соопшти дека регистрирани се 35 нови случаи на Ковид – 19, од кои 22 во Скопје, во Тетово 6, Куманово 4, Штип 1, Струга 1 и Гостивар 1, од направени 1120 тестирања.

Во истиот перид починати се четворица пациенти, а во извештајот е евидентирано и бебето од Скопје кое почина во Швајцарија откако беше транспортирано во земјата на лекување.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (69г) хоспитализиран на 15 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (70г) примен во болницата на 17 мај и двајца од Скопје, пациент на возраст од 70 години, примен на 28 мај и 47 годишен пациент на болничко лекување од 21 мај. Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало“, се вели во извештајот на Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 19 оздравени пациенти, а Досега во земјата се направени вкупно 28804 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 487 тестира се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.

Досега во земјава регистрирани се вкупно 2164 заболени од Ковид - 19, од кои 498 се активни случаи, а излечени се 1535 според податоците на Министерството за здравство. Починати се 131 лице.

XS
SM
MD
LG